Охрид, 26. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Младинската организација при Општинскиот електро машински училишен центар „Св Наум Охридски“ учествуваше на „Образовното рандеву“, кое се одржа на 21 и 22 април во Скопје во СЕПУГС „Васил Антевски – Дрен“.
Учениците го претставија училиштето со свој штанд на кој ги изложија своите најнови достигнувања во младинската организација и на практичната настава. Во категоријата за најдобар штанд учениците го освоија третото место.
Солидни резултати постигнаа и во следните категории: јавно говорење на македонски јазик, интервју за работа на македонски јазик, онлајн кариерно портфолио, поетска творба и најдобра фотографија. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 22