Струга, 17. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Учениците од Средното стручно општинско училиште „Нико Нестор“ од Струга денес ќе се сретнат со претставник на Европскиот комитет.
Во работна посета на Струга е Роман Хакен, член на Европскиот комитет за економија и социјална политика. Учениците од економската струка на училиштето ќе дискутираат со европратеникот на бројни теми кои го тангираат развојот на економијата.
Хакен е претседател на Центарот за комуникација за Централна Моравија и член на Чешкиот парламент. Од септември минатата година стана член на Европскиот комитет за економија и социјална политика. Експерт е за областите од агрокултурата, руралниот развој, економија, монетарна унија и социјална кохезија. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 29