Охрид, 26. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Под менторство на професорите по информатика Елизабета Левеска, Ѓоко Доревски, Дарко Цветкоски, 214 ученици од I, II, III и IV година, во периодот од 13-ти до 17-ти ноември 2023 учествуваа на интернационалниот натпревар „Дабар“.
Станува збор за глобален предизвик кој има за цел да ја промовира информатиката и сродните науки. Се спроведува во над 70 држави во светот и има добиено повеќе награди на разни научни конференции.
Задачите се создадени со цел да ги мотивираат учениците да размислуваат за принципите, идеите и концептите поврзани со информатиката и технологијата. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 50