мај 6, 2018

Охрид, 6. мај 2018 (ОХРИДПРЕС) – Хорови и оркестри од охридските основни и средни училишта си обезбедија виза за учество на Државните смотри.

На регионалните хорски и оркестарски смотри, хорот при ОУ „Братство Единство“ под водство на Бурим Хидри ги освои максималните 100 поени, а максимален број бодови освои и оркестарот при ОУ „Св. Климент Охридски“ под водство на Виолета Ангелеска.

hor 2

orkestar 2

Во конкуренција на средните училишта, хорот и оркестарот при ОСУ „Св. Климент Охридски“ под раководство на професорите Александар Димоски и Љупчо Аслимоски со освоени максимални 100 поени, поединечно, обезбедија пласман на државниот натпревар.

orkestar 1
На регионалните хорски и оркестарски смотри, кои се одржаа во ОУ „Св. Климент Охридски“, учество зедоа 18 ансамбли од Охрид, Струга, Кичево и Дебар. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука