мај 30, 2018

Охрид, 30. мај 2018 (ОХРИДПРЕС) – Остануваат уште три дена до  второто издание на спортско-рекреативниот настан „Охрид трчаТ“, кој ќе се одржи во недела на 3-ти јуни.

Рокот за аплицирање заврши, па на стартот ќе се појават 1025 натпреварувачи. Учесниците на 5 и 10 километарската трка и тим билдингот заедно со организаторите и волонтерите освен преку трчањето, кое ќе биде придружено со многу дружење и забава, да го промовираат Охрид пред светот.

Ohridtrcat3

Најавено е присуство на познати лица од светот на спортот, во Охрид ќе биде петкратната учесничка на Летните Олимписки игри и балканскиот шампион, Оливера Јевтиќ, големиот херој и вљубеник во спортот Јане Велковски, директорот на полумаратонот во Дубровник, директорот на „Run Bugarija“, владини министри, амбасадори, но и голем број на луѓе од општествениот и јавниот живот.

Како најава на главниот настан во недела со почеток од 10:00 часот, во сабота на 2-ри јуни на Кеј Македонија во 11:00 часот ќе се одржи детската трка, на која ќе учествуваат дечињата од најголемите групи од охридските градинка. Во периодот од 10:00 до 20:00 часот  на градскиот плоштад ќе се подигнуваат стартните пакети.

Заедно со волентерите, кои во најголем дел се од помладата генерација, ќе направиме одлична журка и ќе имаме еден светски настан и ќе покажеме дека знаеме што значи да се организира една светска спортска манифестација, рече Иван Цветкоски од Асоцијацијата на спортови „Спорт за сите – сите за спорт“, организатор на настанот, на гостувањето во емисијата „Радио корнер“ на Супер радио. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука