февруари 7, 2018

Струга, 7. февруари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Во експозитурата на „Шпаркасе“ банка на улицата „Јанко Михајлоски“ во Кичево, вчера околу 14:00 часот, едно лице со закана со пиштол извршени казнено дело „разбојништво“.

– Полициски службеници од полициската станица во Кичево веднаш излегоа на терен и по преземени мерки за кратко време е пронајден и приведен 34-годишниот Ч.Д. од струшкото село Ливада. Ч.Д. е затекнат со најлонска црна вреќа со пари во рацете, црни очила, нараквици и еден пиштол. Во консултација со јавен обвинител, на местото на настанот е извршен увид. По преземените соодветни мерки и активности и извршен разговор со осомничениот утврдено е дека тој е сторител на шест кривични дела „разбојништво“, две извршени на 12.12.2017 година и 06.02.2018 година во „Шпаркасе“ банка во Кичево, на 25.11. и 06.12.2017 година во експозитурите на „ТТК“ банка во Струга, разбојништвото извршено на 05.12.2017 година во казиното „Астра“, како и на разбојништвото во „Силк Роуд“ банка во Охрид извршено на 30.11.2017 година. Со извршувањето на кривичните дела Ч.Д. се стекнал со протиправна имотна корист од околу 1.200.000 денари, информираат од СВР Охрид.

Секторот поднесе три кривични пријава против Ч.Д. поради основано сомнение дека е сторител на шест кривични дела „разбојништво“. Кривичните пријави ги поднесоа надворешните канцеларии за криминалистички работи при полициските станици во Охрид, Струга и Кичево за сторени три казнени дела „разбојништво“ во Струга, едно во Охрид и две во Кичево. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука