Лондон, 15. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Роџер Федерер стана првиот полуфиналист на финалето на ATП во Лондон.
36-годишниот Швајцарец го победи Александар Зверев (Германија) со 7:6 (6), 5:7, 6:1 и си го обезбеди првото место во групата „Борис Бекер“ по втората победа на турнирот.Зверев максимално му отежни на Роџер, но сепак не издржа во третиот сет.
При рекордното си 15-то учество во натпреварувањето, Федерер ја забележа третата победа од пет натпревари против Зверев, кој е еден од четворицата тенисери, кои забележале победа над него во оваа сезона.
20-годишниот талент го победи во финалето во Монтреал во август, кога стигна до својата втора „Мастерс“ титула. (Крај)
извор: Стандард.мк фото: архива