Рио де Жанеиро, 23. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Шпанецот Давид Ферер го победи Италијанецот Фабио Фоњини со 6-2, 6-3 во финалето на АТП турнирот кој се играше во Рио, Бразил.
Фоњини иако претходно го елиминираше носителот на титулата, Рафаел Надал во полуфиналето, синоќа немаше никакви шанси против Ферер, кој победи за 1 час и 23 минути игра. За Ферер ова е втора титула оваа сезона по таа во Доха минатиот месец.
Женската титула ја освои Италијанката Сара Ерани, откако со 7-6, 6-1 ја победи Словачката тенисерка Ана Шмидлова. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 5