октомври 5, 2017

Миес, 5. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Меѓународната кошаркарска федерација (ФИБА) ги промени термините за Мундијалските квалификации во ноември и февруари. Спорни беа таканаречените „прозорци“ и неможноста играчите од НБА и од Евролигата да бидат со национални тимови.

Предлози дава и ФИБА и Евролигата, а на крајот на септември состанок имаа генералниот секретар на ФИБА Патрик Бауман и претседателот на Евролигата, Жорди Бертомеу.

Извршниот комитет на ФИБА одлучи квалификациските натпревари во ноември 2017 и февруари 2018 д аги премести од четврток во петок. Ова решение, според ФИБА, им овозможува на клубовите на Евролигата да се натпреваруваат со најдобрите играчи и да им дадат на истите кошаркари можност да играат за националните тимови. (Крај)

извор: А1он.мк фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука