Минхен, 08. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Германските медиуми пишуваат дека еден од најуспешните германски капитени, Филип Лам по крајот на сезоната ќе се повлече од активното играње фудбал.
33-годишниот фудбалер на лето ќе ја заврши фудбалската кариера и покрај тоа што ќе има уште една година од договорот со Баерн Минхен.
Лам е дете на академијата на Баерн, има 501 настап за клубот од неговото деби во 2002 година, седум пати ја освоил Бундеслигата и еднаш Лигата на шампионите.За германската селекција настапил на 113 натпревари. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 22