Милано, 28. јануари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Италијанските медиуми јавуваат дека поради неспортскиот гест на натпреварот против Лацио, дефанзивецот на Милан, Филип Мексес од дисциплинската комисија на Сериа А е суспенидаран на четири натпревари, а „росонерите“ сакаат да го раскинат договорот со Французинот
.
На официјалната интернет страница на Калчолигата стои дека Мексес е казнет поради црвениот картон и насилничкото однесување по инцидентот со капитенот на Лацио, Стефано Маури.
Екипата на Милан е револтирана поради дивјачкото однесувањето на Мексес и веќе го казнила фудбалерот за нарушување и валкање на имиџот на клубот, но сега сакаат и спогодбено да го раскинат договорот со францускиот играч. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 5