Мадрид, 14. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Фудбалската федерација на Шпанија одлучи финалето на шпанскиот фудбалски куп во кој ќе играат Барселона и Алавес да се игра на стадионот од Атлетико Мадрид „Висенте Калдерон“.
Барселона сакаше финалето да се игра во Мадрид, на „Сантијаго Бернабеу“, опција која беше отфрлена од претседателот на Реал Мадри ,Флорентино Перез. Алавес бараше домаќин на завршниот дуел од Кралскиот куп да биде стадионот на Атлетико Билбао „Сан Мамеш“.
Федерацијата не ги исполни нивните барања ,аф иналето на купот ќе биде последниот голем фудбалски настан на „Калдерон“, бидејќи на крајот на оваа сезона стадионот ќе биде урнат. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 16