декември 5, 2023

Скопје, 5. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Љупчо Палевски- Палчо е уапсен во Турција. Тој е првоосомничен за убиството на Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски.

За повеќе детали МВР најави прес-конференција за 22.30 часот.

Палевски е првоосомничен за грабнувањето и убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска, како и за велешанецот Панче Жежовски.

Претходно вечерва беше уапсен 46-годишен скопјанец, кој како што соопшти обвинителството, го превезувал Палевски преку Бугарија до Турција, со што му помогнал да побегне од државата.

И другите осомничени вечерва беа донесени во Кривичниот суд, каде судија на претходна постапка ќе треба да одлучи по предлогот на обвинителството за продолжување на мерката притвор. (Крај)

извор: Фокус фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука