Лондон, 28. јануари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Валтери Ботас има поставено само една цел за претстојната сезона 2018 во Формула 1 и е подготвен на сѐ за да ја постигне.
Според финскиот пилот на Мерцедес, тој го има собрано потребното искуство и самодоверба да се соочи очи во очи против клубскиот колега Луис Хамилтон и да го победи во битката за светската титула.
Минатата година Валтери беше близу до лидерите Хамилтон и Себастијан Фетел од Ферари, но не успеа да ги загрози и за момент, останува трети во генералниот пласман кај пилотите. Оваа година, Ботас е решен да го промени ова и да ја постигне својата цел – да ја освои титулата.
„Имам една цел и сите знаат каква е. Го стекнав потребното искуство во последните пет години во Формула 1.Минатата година, кога дојдов во тимот, болидот веќе беше целосно подготвен и морав да се адаптирам кон него. Сега ќе бидам дел од тимот уште во самиот почеток и работите треба да бидат полесни за мене“, изјавил Финецот. (Крај)
извор: Стандард фото:архива