Лондон, 13. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Екипата на Тотенхем скапо ја плати победата над Милвол во 1/4 финалето од ФА Купот на Англија откако останаа без својот најдобар фудбалер, Хари Кејн.
Одличниот голгетер го повреди скочниот зглоб на почетокот од натпреварот, а од „спарси“ стравуваат дека повредата е многу слична на онаа од септември минатата година, кога Кејн паузираше речиси два месеци од терените.
Деновиве ќе се знае колку е сериозна неговата повреда и дали ќе може да му помогне на тимот да се задржи на место на табелата кое значи учество во ЛШ следната сезона. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 25