Скопје, 20. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Ферхан Хасани и Егзон Бејтулаи поради повреда отпаднаа од списокот на селекторот Ангеловски за настап на квалификациски дуел со Лихтенштајн кој нашата селекција ќе го игра во петок на 24-ти март.
По направените дополнителни лекарски прегледи било утврдено дека двајцата фудбалери нема да можат да му бидат на располагање на нашиот селектор, поради тој веднаш одлучил да ги повика нивните замени за да му се приклучат на составот пред заминувањето за Вадуц.
На местото на Хасани и Бејтулаи, на гостувањето кај аутсајдерот Лихтенштајн ќе патуваат Стефан Спировски од Вардар и Кристијан Тошевски од Пелистер. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 25