Охрид, 4. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Теквондо клубот Хва Ранг ИТФ од Лескоец, Охрид, викендов ќе учествува на меѓународниот турнир ДОБОЈ ОПЕН 2017 кој ќе се одржи во Добој, Босна и Херцеговина.
Турнирот е еден од најсилните од ваков карактер на Балканот, а од Хва Ранг ИТФ на истиот ќе одат со 18 натпреварувачи кои ќе бидат под водство на Марјанчо Лазаревски (црн појас, IV дан), поранешен светски вицешампион.
Натпреварувачите ќе ги одмерат силите во две дисциплини и тоа спаринг- борби поединечно, и форми поединечно. Неколку јуниори и сениори ќе настапат и во натпреварувањето во кое се мери силата на теквондистите познато како тест на сила.
Од клубот истакнуваат дека се надеваат на успешен настап на турнирот во Добој и упатуваат голема благодарност до генералниот спонзор ПН Метал кој и овој пат е најзаслужен за нивното учество на овој престижен турнир. (Крај)
извор: supersport.mk фото: архива