април 8, 2017

Лондон, 8. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Екипата на Арсенал е подготвена да го продаде Хектор Белерин на Барселона, но само под одредени услови.

„Топчиите“ за возврат во своите редови сакаат турскиот интернационалец Арда Туран да дојде на „Емирати“, а Барселона и дополнително да плати уште 25 милиони евра.

Каталонскиот гигант по заминувањето на Дани Алвеш е во потрага по десен бек, откако Серхи Роберто не се снајде најдобро на оваа позиција а Алеиш Видал е повреден. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука