Киев, 26. јануари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Во Украина се урна хеликоптер откако удри во телевизиска кула, а при тоа загинаа четворица.
Несреќата се случила доцна синоќа во близина на градот Кременчуг, во централниот дел на Украина.
Министерството за внатрешни работи наведе дека хеликоптерот припаѓал на центарот за тренинг, пренесе AP.
Во прашање е хеликоптер со два мотора “Mi-8” од советско производство кој е во употреба од 60-тите години на минатиот век.
Остатоците од хеликоптерот се расфрлени по околината. (Крај)
извор: Локално фото: архива
Прочитано: 6