Холандската амбасадорка Узлем Џанел во посета на Општина Охрид
ноември 29, 2024

Охрид, 29. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков денеска оствари средба со амбасадорката на Холандија во Република Македонија Узлем Џанел, која е во прва официјална посета на Охрид по нејзиното именување на функцијата.

– На средбата се зборуваше за економскиот развој на општината и туризмот како една од најважните стопански гранки во Охрид. Се разгледуваа можностите за развој на мас туризам, за еко туризам и поголема промоција на локалните производи на меѓународните пазари. Стана збор и за инфраструктурните проекти на општината кои би допринеле во зголемување на странските посетители вклучувајќи ги и холандските туристи, инфомрираат од кабинетот на Пецаков.

Амбасадорката Џанел упати благодарност до градската власт за подигнување споменик на холандскиот писател А. Ден Долард и за холандскиот парк во Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука