Охрид, 1. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Традиционално првата тура на холандски туристи за оваа сезона во Охрид ќе пристигне утре.
Со првиот чартер лет холандски туристи од Амстердам во претпладневните часови ќе пристигнат во Охрид на аеродромот „Свети Апостол Павле“ со авиокомпанијата „Корендон“.
Додека Тур-операторот „ТУИ-Холандија“ оваа година воведува уште еден чартер лет до Охрид, така што ќе има пет лета неделно.
Според најавите на странските тур – оператори, заклучно со минатиот месец има зголемување од 32 проценти на вкупните резервации за лето 2017 година. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 26