Охрид, 2. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Со првиот чартер лет со холандски туристи од Амстердам со авиокомпанијата „Корендон“ денеска на аеродромот „Свети Апостол Павле“ во Охрид ќе биде одбележано отворањето на летната сезона во најпознатиот македонски туристички центар.
Традиционално секоја година првата тура на холандски туристи во Охрид пристигнува на почетокот на мај.
Според најавите од ТАВ Македонија, холандските туристи ќе ги пречекаат министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски, генералниот директор на ТАВ Македонија, Алп Ер Тунга Ерсој и претставници на локалната самоуправа. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 21