Охрид, 23. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Хотели „Метропол“ АД Охрид за оваа 2017 сезона очекуваат зголемување на приходите за 10%, информира компанијата преку Македонската берза.
Дел од приходите капацитетите ги надополнуваат и со домашни гости, кои учествуваат по повеќе сегменти: конгреси, семинари, спортски кампови, вонпансионски услуги, кои ќе имаат влијание за реализација на планираното зголемување на приходите. Резервациите по сите основи за 2017 година се во пораст во однос на 2016. Исто така има зголемување и кај инвестиционите активности.
Годинава се продолжува со подобрување на инфраструктурата на хотелите. (Крај)
извор: е-магазин фото: архива
Прочитано: 25