декември 30, 2017

Охрид, 30. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Христијан, Дејан и Јован се најбрзите Дедомразовци оваа година во рамките на првата ваква трка, која се одржа денес во Охрид во рамките на проектот „Од 20-ти до 20-ти СИТЕ ВО ОХРИД“.

– Сакам да го поздравам овој навистина убав настан кој се одржува во нашиот град. Јас имам 18 години и на трката ме пријави мојата мајка. Сакам да ги поздравам одговорните во општината и град Охрид и порачувам овој настан да продолжи и во иднина, порача победникот на трката Христијан Јованоски, кој доби на подарок таблет компјутер.

Втората награда, мобилен телефон ја освои Дејан Ангелоски, а третата, вечера за двајца Јован Јованоски. На трката зедоа учество триесетина Дедомразовци од Охрид, а имавме и гости од Ресен и Битола. Сите тие ја истрчаа патеката од пред хотелот „City Palace“ до плоштадот. Стартот беше во 13:15 часот, а најдобрите освоија вредни награди: таблет, мобилен телефон и вечера за двајца во Пица ресторанот „Валентино“ во Охрид.

trkadedomrazovci2 Пред самата трка се одржа и богата музичка програма во Центарот на градот, во посебно изработената куќичка со настапи на младите музички ѕвезди од детските фестивалчиња, и посебна програма на ученици од ОУ „Кочо Рацин“ од Охрид.

trkadedomrazovci4 trkadedomrazovci5

trkadedomrazovci3Дел од Дедомразовците на денешната трка, ја поминаа патеката во знак на поддршка на лицата со ретки болести.

Богатата програма и празничниот викенд направија Охрид деновиве да биде исполнет со гости до последното место. Ова е само дел од програмата за веселиот новогодишен викенд во Охрид. Повеќе за денешната програма ОВДЕ. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука