Охрид, 10. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Младинската екипа на Ракометниот клуб „Охрид“ и Ракометниот клуб „Лихнид“, ќе играат хуманитарен натпревар со екипата на РК „Филип Вардар“ во машка и женска конкуренција.
Средствата кои ќе бидат собрани, ќе бидат донирани на сметка на младиот спортист Трајан Тачо Целески, кој беше опериран во Италија, сега е во фаза на заздравување.
Натпреварот ќе се игра во недела, 12-ти февруари во спортската сака „Билјанини извори“. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 94