април 23, 2018

Охрид, 23. април 2018 (ОХРИДПРЕС) – Во среда, 25-ти април, во кафе барот Liquid во Орхид ќе се одржи хуманитарна забава за помош на 15-месечната Мила од Охрид, која има потреба од помош за лекување на оштетувањето (дистрофија) на мозокот.

– Хуман е човекот кој им помага на луѓето на кои им е потребна неговата љубов. Човек кој се гордее со тоа што го направил тоа за нив. Оној на кого награда за направеното му е насмевката на нивните лица. Да направиме некого среќен е голем успех и чекор понапред од другите. Оваа среда во Liquid, заедно со Клубот „Лајонс Лихнидос“ и дел од охридската естрада, организираме хуманитарна забава за малата Мила која боледува од дистрофија (оштетување на мозокот). Да се покажеме хумани оваа среда и да и помогнеме на малата Мила да зачекори кон убаво и среќно детство. Настапуваат: Камелеон, The Backdoor Band, Betty’s Boobs, No Fun и High 4. Влезот (донација) чини само 100 денари, информираат организаворите.

Image may contain: 1 person, text

Сите хумани луѓе кои сакаат да помогнат, истото можат да го направат со вртење на теледоните: VIP 143 461 и TELEKOM 070 143 153.

Сметка за донации:

Мила Димоска

Охридска Банка – АД Скопје
530500021204351

IBAN CODE: МК075280005506949

SWIFT: OHRIDMK22

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука