Лондон, 4. март 2015 (ОХРИДПРЕС) – Распространетото мислење дека цигарите го намалуваат апетитот, е побиено со ново истражување, кое покажало дека младите кои пушат, всушност натрупуваат тежина три пати повеќе од непушачите.
Младите жени сметаат дека со цигарите ја контролираат својата тежина, но нема претходни студии, кои покажуваат дали пушачите навистина имаат помалку килограми.
Врз фигурата влијаат и други фактори, како наследниот ген, квалитетот на живот, и слично, но сепак, според последното истражување, пушачите се подебели за 2,9 килограми. (Крај)
извор: BBC фото: архива
Прочитано: 4