Белград, 5. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Кошаркарите на Црвена звезда ќе играат со Цедевита во репризата на ланското финале од АБА-лигата,откако српскиот шампион синоќа победи во мајсторката против Будуќност со убедливи 82-59.
Екипата на Дејан Радоњиќ не дозволи ново изненадување како она од пред една седмица во Подгорица, го контролираа натпреварот во текот на сите четвртини и на крајот заслужено стигнаа до големото финале.
Финалната серија од АБА-лигата помеѓу Црвена звезда и Цедевита ќе започна на 10.април со мечот во Белград. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 16