Милано, 10. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – На само три кола до крајот на сезоната во Серија А, тренерот на Интер, Стефано Пиоли доби отказ од функцијата.
Тој на клупата дојде лани во ноември, добро стартуваше, но тимот на последните десет натпревари освои само два бода. Интер сега има само теоретски шанси да избори пласман во Лига Европа, поради што раководството реши да го отпушти тренерот.
До крајот на сезоната Интер ќе го предводи тренерот на младиот тим Стефано Веки, кој ќе дебитира викендов против Сасуоло.
Според италијанските медиуми нов тренер на клубот ќе биде Лучано Спалети кој по завршувањето на сезоната ќе ја напушти Рома. (Крај)
извор: Макфакс фото: архива
Прочитано: 26