Охрид, 24. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Преку активности за креативна работилница, учениците од ОУ „Христо Узунов“ денес ќе го одбележат „Часот на Планетата Земја“.
Настанот ќе започне во 9:30 часот во организација на Центарот за климатски промени во соработка со Oпштина Охрид.
На оваа работилница ќе бидат изработени три творби: едукативен постер од пластични капачиња со еколошка порака, едукативен постер од кеси и колаж поврзан со темата „Да ја зачуваме планетата Земја“ на кој ќе бидат напишани пораки од страна на децата во името на планетата Земја, како и засадување на растенија од страна на децата.
Изработените творби од оваа работилница ќе бидат изложени во училишниот ходник во натедните денови. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 29