Лондон, 14. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Медиумите во Англија пренесуваат дека управата на Челзи е заинтересирана за францускиот интернационалец, Кингсли Коман и е подготвена да плати „богатство“ за неговиот потпис.
Коман моментално настапува во Баерн Минхен како позајмен фудбалери од Јувентус, но Баварците имаат можност да го откупат неговиот договор за 21 милион евра без да плаќаат откупна клаузула.
Челзи е заинтересиран за крилниот напаѓач и според англиските медиуми е подготвен да плати 60 милиони евра за неговиот потпис. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 22