Лондон, 23. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Играчот од средниот ред на Монако, Тимуе Бакајоко, од следната сезона најверојатно ќе заигра во дресот на англискиот премиерлигаш Челзи.
Тој е една од желбите на менаџерот Антонио Конте кој веќе почна да прави планови за новите засилувања во летниот преоден рок, во пресрет на настапот во Лигата на шампионите.
Бакајоко игра одлично сезона во Монако, а беше повикан и во националниот тим на Франција, како замена за повредениот Пол Погба. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 22