Лондон, 30. јануари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Актуелниот англиски шампион Челзи ќе ја отфрли понудата на Манчестер Сити, дури и ако таа биде 200 милиони фунти.
Претходно беше објавено дека „Граѓаните“ ја разгледуваат можноста да го ангажираат Азар во текот на летото и се подготвени да понуди 150 милиони фунти.
Од друга страна, раководството на Челзи се надева дека ќе преговара со Белгиецот за продолжување на договорот и за тоа му нудат договор со плата од 300 илјади фунти неделно.
За потписот на Азар голем интерес покажува и европскиот шампион Реал Мадрид кој посакува да го реализира трансферот по завршувањето на тековната сезона. (Крај)
извор: Спортм фото: архива
Прочитано: 8