Лондон, 19. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Екипата на Челзи ова лето за првпат ќе оди во Сингапур, каде што ќе има летна подготовка пред новата сезона.
Како што соопштил клубот, за време на својата азиска турнеја, „сините“ ќе играат и два пријателски меча.На 25 јули, лондончани ќе одиграат тест-меч со Баерн Минхен а четири дена подоцна ќе се сретнат и со Интер.
Претходно на 22 јули, Челзи ќе играа со Арсенал, но лондонските тимови овој меѓусебен дуел ќе го играат во Пекинг, од каде екипата на Конте треба да се пресели во Сингапур. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: Twitter
Прочитано: 21