Лондон, 06. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Диего Коста е подготвен да го напушти Челзи по завршувањето на сезонава, а управата на лондонскиот клуб веќе ја почнала потрагата по негов наследник на „Стемфорд бриџ“.
На врвот на листата со желби на Антонио Конте се наоѓа Алваро Мората, но на „островот“ се шпекулира дека лидерот во Премиер лигата подготвува понуда за Серхио Агуеро.
Аргентинецот не е задоволен од минутажата и статусот што го има кај Пеп Гвардиола, неколку пати во текот на сезонава беше заменет во текот на натпреварот, а сега го загуби и првотимскиот статус од Бразилецот, Габриел Хесус. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 17