октомври 3, 2017

Лондон, 3. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Алваро Мората еден месец ќе биде надвор од фудбалските терени како последица на повредата  која ја доби на саботното дерби со Манчестер Сити, пренесува британскиот сервис „Би-би-си“.

Мората во дербито на „Стенфорд бриџ“ играше половина час, по кои самиот побара да биде заменет поради повредата.

„Би-би-си“ во вторникот објави дека Шпанецот ќе отсуствува еден месец, а доколку рехбилитацијата не оди според посакуваното, тој би можел да биде надвор од фудбалските терени околу два месеца.

Мората, кој во летниот преоден рок  пристигна во Челеси за сума од 60 милиони евра, ќе ги пропушти репрезентативните натпревари со Албанија и Израел.

Наредниот меч во Премиер лигата Челси ќе го одигра против Кристал Палас на 14 октомври. (Крај)

извор: Макфакс фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука