„Чиста“ улицата пред СВР Охрид, од ВМРО-ДПМНЕ најавија протести против СЈО
февруари 9, 2017

Охрид, 9. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Од рано утрово е комплетно „исчистена“ од паркирани возила улицата „Македонски просветители“, на потегот од кружниот тек кај „Охридска банка“ до Пожарната.

Причина е најавениот протест на членови на ВМРО-ДПМНЕ поради повикувањето на околу 200 нивни функционери од Охрид на распит во СЈО. Неофицијално синоќа заседавал и Општинскиот комитет на партијата кој зазел став по ова прашање.

Тие се повикани на разговор, како дел од предистражна постапка што ја отвори СЈО, за финансирањето на изборите во 2014 година. Под лупа на истражување се вработени во СВР Охрид, актуелни и поранешни директори на државни институции и служби, здравствени организации, јавни претпријатија и истакнати членови на партијата.

Инаку, истрагата на СЈО е почната врз основа на досега необјавени разговори, во кои партиски функционери во детали објаснувале како и каде да се уплатат парите, и на чии имиња да гласат донаторските уплатници во банка.

policijaulicalokadaПоследен пат оваа улица беше „чиста“ на овој начин во ноември минатата година кога под исклучително силно обезбедување беа пренесувани лица до охридскиот затвор. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука