мај 7, 2017

Охрид, 7. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Филип Јосифоски и Василија Јовчески, членови на охридскиот Теквондо клуб „Хваранг Фист“ со едно сребро и едно злато се враќаат од силниот „Tirana OPEN“ турнир во олимписко Теквондо.

Турнирот се одржа вчера во Тирана по 6-ти пат, а во составот на Македонскиот тим беа и претставниците на „Хваранг Фист“ Јосифоски и Јовчески.

hvarangtirana2Во категоријата сениори – 63 кг, Филип го освои второто место и сребрениот медал, а во категоријата кадети – 65 кг, Василија го освои првото место и златниот медал. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука