Подгорица, 3. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Членството на Црна Гора во НАТО повлекува два вида на трошоци.
Тука спаѓа членарина, која ќе изнесува околу 450.000 евра годишно и давачки од домашниот буџет наменети за системот за одбрана, кои земјата ги има независно дали ќе биде членка на Алијансата или не.
Ова е наведено во соопштението на црногорскиот Совет за членство во Алијанста. Оттаму целосно ги отфрлија шпекулациите во јавноста дека Црна Гора како членка на Пактот ќе мора да плаќа по два отсто од својот БДП.
Според Советот, инсистирањето на централата на НАТО и пред се на САД, секоја земја членка да ги зголеми троошоците за одбрана на ниво од два отсто од својот БДП, всушност се однесува на средства наменети за сопстевната одбрана на секоја држава, а не за буџетот на Алијансата. (Крај)
извор: МИА фото: архива