Барселона, 10. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Како што се наведува на официјалната веб страна на Евролигата ,поранешниот литвански кошаркарски репрезентативец Шарунас Јасикевичиус ќе биде прогласен за легендата на ова натпреварување.
Наградата Јасикевичиус треба да ја прими в четврток во Каунас пред мечот од ТОП 16 фазата помеѓу Жалгирис и Реал Мадрид.
Литванскиот кошаркар четири пати ја има освојувано Евролигата а двапати беше прогласен за најдобар играч во Европа.
Тој минатото лето ја заврши играчката кариера, а сега работи како помошник-тренер во Жалгирис.(Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 7