февруари 4, 2018

Охрид, 4. февруари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Шесте чинари во поширокото градско подрачје на Охрид и кочеџикот во дворот на црквата Св. Богородица Перивлепта ќе бидат прогласени за споменици на природата.

Станува збор за чинарите на плоштадот Крушевска република, кај Здружението на пензионери, Црвен крст, мини маркет, Воска, Кошишта и кочеџикот во дворот на црквата Св. Богородица Перивлепта, засаден на 24-ти мај 1886 година.

Првиот, односно најстариот чинар, со амин на претходниот состав на советот влезе во трета категорија на заштита за прогласување за „споменик на природата“. Процедурата е веќе отпочната, односно предлог одлуката е доставена до Министерството за животна средина и просторно планирање и се чека на нивен одговор за одлуката да биде потврдена.

Консултантската куќа Друштво за еколошки консалтинг „Деконс Ема“ од Скопје го изработи елаборатот врз основа на кој ќе се валоризира состојбата и капацитетот на чинарот.

– Ние за чинарите водиме николкугодишна борба да можеме да ги прогласиме како споменици на приридата, бидејќи тие се автентични за Охрид како природно и културно наследство. За првиот чинат постапката е започната. Следниот чекор се останатите чинари и кочеџикот за кои сметаме дека ќе добијат соодветна заштита како природно и културно наследство. Затоа што ако ги разгледаме елаборатите се изработени за секој чинар поодделно, ниеден од нив не е помлад од 100 години. Во иднина тие би имале историја и како природно и културно наследство би биле интересни за Охрид како автентични дрва, потенцира Хавза Реџеп Какељ од одделението за екологија и животна средина при локалната самоуправа.

havzaredzepkakelj

Со статусот на правна заштита тие ќе бидат одбележани и на урбанистичките планови, па не ќе може така лесно да се отстранат.

– Целта ни беше како природно наследство и биодиверзитет на територија Охрид да бидат заштитени. Со тоа да принесеме за зеленилото во општина Охрид што е тенденција и на новиот закон за урбано зеленило, додава Какељ.

Што се однесува до состојбата на дрвата, Какељ рече дека чинарите пред Црвен крст и кај Здружението на пензионерите се во добра состојба, но чинарите на плоштадот Крушевска република и во Воска се во незавидна состојба. Итна санација е потребна и за чинарот кај Кошишта. Минатата година се санира крошната, но потребно е водење на систематска заштита за нивниот век на траење да биде подолг.

Супер радио и OhridPress во март минатата година објавија сторија за охридскиот книжевник и позната историска личност, Никола Чудов, кој е заслужен за неговото засадување. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес/архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука