мај 23, 2018

Буенос Аирес, 23. мај 2018 (ОХРИДПРЕС) – Фудбалската репрезентација на Аргентина доживеа вистински шок на три недели пред почетокот на СП во Русија.

Поради повреда на коленото на Мундијалот нема да биде првиот голман на Гаучосите Серхио Ромеро, а селекторот Сампаоли на местото на него го повика голманот Гузман.

Искусниот 31. годишен голман на Манчестер Јунајтед веќе неколку години е прв избор за голот на Аргентина. Така требаше да биде и ова лето, но повредата на коленото пред самиот почеток на припремите го спречи за настап во Русија.

Улогата прв голман најверојатно ќе му припадне на 36. годишниот голман на Челси, Кабалеро, а покрај повиканиот Гузман на списокот е и чуварот на мрежата на Ривер Плата, Франко Армани.

Гаучосите првенството го отвараат на 16 јуни против Исланд, а во групата се уште Хрватска и Нигерија. (Крај)

извор: Спортски.мк фото: Спортски.мк

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука