јануари 29, 2018

Загреб, 29. јануари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Фантастичното второ полувреме, предводено од Арпад Штербик на голот, им донесе на Шпанија европска титула во ракомет, откако ја „скршија“ клетвата и со 29:23 ја совладаа репрезентацијата на Шведска.

За Шпанија ова е прва европска титула во историјата по четири незгодни порази во финалињата (1996, 1998, 2006 и 2016), додека „трите круни“ не успеаја да го подобрат својот скор и да станат петкратни европски шампиони.

Феран Соле и Давид Балагуер имаа по пет гола за Шпанците, додека наградата за најдобар играч на мечот отиде во рацете на неверојатниот Штербик. Кај Швеѓаните, Јеспер Нилсен уфрли пет гола, а четири имаше Никлас Екберг.

Претходно вo борбата за третото место Франција ја победи Данска со 32:29. (Крај)

извор: Макфакс фото: б92

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука