ноември 29, 2017

Скопје, 29. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС)Од 1. јули 2018 година ќе почне двегодишниот договор на Штербик со Веспрем, унгарскиот клуб денеска ја потврди веста на својот официјален сајт.

„Имав неколку понуди, но не можев да го одбијам повикот од Веспрем“, вели Штербик.Тој од 2001 до 2004 година бранеше за Веспрем, сега се враќа во унгарскиот клуб каде што веројатно и ќе ја заврши кариерата.

-Веспрем беше мојот прв сериозен клуб, со кој прв пат играв во Лигата на шампионите. Тоа беше одлично искуство. Би го истакнал и големото ривалство со ПИК Сегед. Имав многу убави моменти“.Можам да ветам дека ќе го давам најдоброто од себе, моите амбиции секогаш се големи. Сакам да му помогнам на Веспрем да дојде до првата титула во Лигата на шампионите. (Крај)

извор: Мкд.мк фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука