Штипскиот театар ја подготви претставата „Лазаревото писмо“, според прозни записи на Живко Чинго
март 20, 2017

Велес/Охрид, 20. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Претставата „Лазаревото писмо“ на текст од охридскиот писател Живко Чинго, вечерва ќе биде изведена во Велес.

Претставата ја подготви Штипскиот народен театар, а е во режија и адаптација на Љупчо Ѓоргиевски.

Според ова дело на Живко Чинго – „Лазаревото писмо“, досега се направени неколку адаптации за претстава од неколку теари во Македонија. Во „Лазаревото писмо“ дејствието се случува во шеесетите години. Оригинално прозното дело носи наслов „Лазаревото писмо и писание“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука