Рим, 6. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Штрајкуваат работниците на „Ал Италија“.
На овој начин тие го искажуваат својот револт на планираните откази и намалувањата на платите.
Поради штрајкот, откажани се 60 отсто од летовите на оваа авиокомпанија.
Мнозински сопственик на компанијата е „Етихат Ервејз“ од Обединетите Арапски Емирати. Оттаму соопштија дека за најпрометните сообраќајни летови се искористени поголеми авиони, а над 90 отсто од патниците ги промениле картите. (Крај)
извор: МИА фото: архива
Прочитано: 18