Вашингтон, 06. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Истражувачите велат дека скенирањето на мозокот може да помогне да се предвиди како луѓето ќе пристапат пред предизвик на ментална задача.
Научниците откриле дека она што порано се мислело дека е “шумолење“ во мозокот, всушност игра голема улога и е многу важно за разбирање на тоа како мозокот работи.
Мозокот има потенцијал да делува како еден вид на кристална топка. Научниците откриле дека со поврзување во визуелно-ориентираниот дел од мозокот, се предвидувало кои луѓе би одговориле подобро на одреден тест, а кои би можеле да учат побрзо. (Крај)
извор:ОхридПрес/Foxnewshealth фото: архива
Прочитано: 2