април 10, 2018

Марбела, 10. април 2018 (ОХРИДПРЕС) – Новак Ѓоковиќ повторно ја обнови соработката со својот поранешен тренер Марјан Вајда, со кого работеше заедно од 2006 до 2017 година.

Србинот веќе се подготвува со словакот и неговиот помлад брат Марко во тениската академија во шпанскиот туристички центар Марбела. На крајот од март, Ѓоковиќ најави големи промени во неговиот штаб, прво се раздели со Андре Агаси, а потоа објави дека неговите патишта и Радек Степанек се разделиле.

Во моментов Ѓоковиќ се подготвува за Мастерс турнирот во Монте Карло. (Крај)

извор: Спортски.мк фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука