Ливерпул, 8. јуни 2018 (ОХРИДПРЕС) – Како што пренесува франуцски Л’Екип, доцна синоќа бил договорен трансферот на Набил Фекир од Лион во Ливерпул и сега се чека официјална потврда.
Наводно од Лион ја прифатиле понудата на европскиот вицешампион вредна 65 милиони евра, плус седум милиони евра во вид на бонуси, па Фекир веќе во текот на денешниот ден може да стави потпис на договорот.
Како што пренесуваат англиските медиуми, талентираниот француски фудбалер би требало денес да ги мине медицинските прегледи и да стави потпис на повеќегодишен договор со Ливерпул.
Минатата сезона во дресот на Лион, Фекир на 40 натпревари постигна 23 погодоци и осум асистенции. (Крај)
извор: Точка фото: архива
Прочитано: 5