Охрид, 3. јануари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Врз основа на член 22 став 1 точка 7, член 50, став 1 точка 16 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр 5/02), член 15 став 1 точка 7, член 34 став 1 точка 15 од Статутот на Општина Охрид, како и програмата за социјална и здравствена заштита на општина Охрид за 2023 година, Градоначалникот на општина Oхрид објавува Јавен повик за еднакратна финансиска поддршка на лице кое е згрижено во згрижувачко семејство на територијата на Општина Охрид.
Општина Охрид за буџетската 2023 година, согласно програмата за социјална и здравствена заштита предвидува еднакратна финансиска поддршка на лице кое е згрижено во згрижувачко семејство на територијата на општина Охрид. Средствата треба да се наменети исклучиво за поддршка на лица (деца) кои се згрижени во семејства што опфаќа основна заштита и 24 часовна грижа за деца и возрасни лица кои немаат свое семејство или немаат услови за живот во сопственото семејство. Предвидената финансиска поддршка изнесува 10.000 денари по згрижено дете.
Услови кои лицата треба да ги исполнуваат:
– да се згрижени во семејство на територијата на Општина Охрид;
Потребни документи и начин на пријавување:
– пријава за користење еднакратна финансиска поддршка на лице кое е згрижено во згрижувачко семејство на територијата на општина Охрид;
– копија од лична карта од носителот на згрижувачкото семејство;
– трансакциска сметка од носителот на згрижувачкото семејство;
– решение за сместување во згрижувачко семејство издадено од надлежен Центар за социјална работа;
Пријавите заедно со документите се доставуваат по пошта во затворен коверт на адреса: Општина Охрид улица „Димитар Влахов“ бр.57 – Охрид со назнака „За Комисија за спроведување на постапка за еднакратна финансиска поддршка на лице кое е згрижено во згрижувачко семејство на територијата на Општина Охрид“, или лично во архивата на Општина Охрид.
Рок на пријавување:
Потребните документи треба да бидат доставени најдоцна 20 дена од денот на објавување на јавниот повик. Документите на кандидатите кои се некомплетни и ненавремено доставени нема да бидат разгледувани.
Повеќе информации ОВДЕ. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес